9-годишна уметница од Сараево ѝ испратилa писмо на кралицата Елизабета – и добилa одговор!

ИЗВОРскопје24
|

Асја Исовиќ е 9-годишна уметница од Сараево. Таа решила да ѝ прати разгледница на кралицата Елизабета и песна, а сосема неочекувано добила и одговор.

„Пристигна одговорот на Нејзиното Височество. Не можам да верувам дека се случи ова. Ова ќе биде една од најубавите работи во мојот живот“, стои во описот на фотографијата со одговорот што ја споделила Асја.

Во писмото што го добила стои:

„Кралицата побара да ти се заблагодарам за рачно изработената разгледница, песната и прекрасните цртежи што ѝ го испрати на Нејзиното Височество.

Иако таа не е во можност лично да ти одговори, кралицата е воодушевена од твоето внимание и ги цени времето и трудот што си ги одвоила за да ги направиш разгледницата и подароците.“

Инаку Елизабета II, Елизабета Александра Мери Виндзор (р. 21 април 1926) — кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт.

Според Вестминстерскиот статут од 1931 год., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на тронот во 1952 год.

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II е и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонови Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белизе и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16-те земји во кои таа е Кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата. Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и Шеф на Комонвелтот, Врховен Поглавар на Англиканската црква, Војвода од Нормандија, Лорд на островот Ман, Врховен командант на армијата на Велика Британија, Врховен командант на армијата на Канада, Врховен адмирал на морнарицата и др.

Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и Ко-Принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Од 1947. Кралицата е мажена за Принцот Филип, Војводата од Единбург, роден како Принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. До денес тие имаат 4 деца и осум внуци.

Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. През периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери, како и бројни други премиери на земјите на Комонвелтот на кои таа е шеф на држава.