Сепак не бара помош од државата: Аца Лукас откри колку пари изгубил на комар

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот српски пејач Аца Лукас во една изјава кажа дека никогаш повеќе нема да се коцка но повторно го направи истото.

„Реков дека никогаш нема да се коцкам кога изгубив многу пари, па повторно го сторив тоа. Изгубив 200 илјади евра. Барем имав тезги па изгубив, а овие мои колеги бараат помош… Нема работа, нема работа, а некои што добија помош од државата, како да имаше ваква болест веќе десет години. Никој од нив не направил ништо последниве десет години. Срамота за оние што бараат помош од државата, треба да се засрамат од тоа. Една пејачка рече: „Немам работа, немам леб да јадам“. А не кажува дека немале веќе десет години, никој не и се јавува, не ја бараат за настапи. Срамота е и некој што има пет стана, да бара помош од државата“ – рече Лукас во емисијата „Амиџи шоу“.