Аца Лукас за колегите: Имаат по шест станови во Белград, а бараат помош од државата

ИЗВОРСкопје24
|

Аца Лукас им замери на колегите кои бараат помош од државата, бидејќи како што вели тој протестираат, а имаат по повеќе станови.

Пејачот сега го откри и својот став за протестите кои ги организираа музичарите во Србија.

– Не можеа да ми се јават, тие знаат дека ќе ги откачам – вели Лукас.

– Да не лажеме, заработуваме најмногу во оваа земја. Тој протест започна од најпопуларните. Државата веќе дистрибуираше помош пред неколку месеци. Јас не бев во таа група и немаше да бидам во таа група. Луѓето кои имаат пет или шест стана во Белград бараат помош – додаде тој.

– Работа, натоварете јаглен – им порача Лукас на своите колеги.