Шакира ги воодушеви фановите со својот настап на „The Tonight Show“, а на нејзиниот настап не остана имуна ниту Адел.
Светски познатата пејачка Адел (34) направи урнебесна шега на сметка на Жерар Пике (36) откако Шакира (46) ја изведе својата иконска „diss“ песна на „The Tonight Show“.
Шакира ги воодушеви обожавателите додека ја носеше нејзината кожна облека во ток-шоуто и ја изведе „Music Sessions, Vol. 53′, во Њујорк. Песната содржи неколку референци за нејзиниот поранешен партнер, фудбалерот Пике со кој се раздели минатиот јуни по 11 години заедно. Поранешниот пар има две деца заедно.
За време на нејзиното појавување во чет шоуто на Џими Фалон, таа рече дека песната е „здрав начин на канализирање на нејзините емоции“. Следниот ден Адел им кажа на своите фанови дека го гледала енергичниот настап на Шакира и се пошегува на сметка на Пике.
– Нејзиниот настап синоќа го видов на Џими Фалон. „Ох, нејзиниот поранешен сопруг е во неволја“, рече Адел.
Во „The Tonight Show“ сите беа воодушевени од изгледот на Шакира и нејзиниот аутфит кој ја истакна нејзината фигура, а таа првпат јавно проговори за песната и раскинувањето.
– Беше неверојатно да се почувствува реакцијата на толку многу луѓе. Мислам дека луѓето навистина се поврзуваат со музиката кога е вистинска и оригинална – изјави Шакира и додаде дека песната е како химна за многу жени во иста ситуација.
Песната на Шакира беше објавена на Јутјуб на 12 јануари, а е посветена на нејзиниот поранешен сопруг Пике и неговата нова девојка Клара Марта (23).