Аделина Тахири го покажа семејството: Сестра и е нејзина копија, а и двете убавината ја наследиле од нивната мајка

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Аделина Тахири според многумина е една од најубавите пејачки во нашата земја, а откако го покажа своето семејство можеме да забележиме дека убавината им е во гените па се пренесува на секоја генерација.

Аделина и нејзината помала сестра изгледаат прекрасно, премногу наликуваат една на другa, а неретко носат и исти или слични модни парчиња. Диана Тахири е русокоса девојка со светли очи, како и Аделина, и е вистинска убавица.

Пејачката Аделина Тахири има повеќе од 428.000 следбеници на својот Инстаграм профил. Од прошетки со синот до одмори и модни комбинации, таа обожава да прикачува фотографии од своето секојдневие. Пред некое време објави и фотографија на која позираат двете сестри заедно со нивната мајка, а од она што можеме да го забележиме е дека и двете убавината ја наследиле токму од нивната мајка.