Aделина Тахири го прослави првиот роденден на синот

ИЗВОРскопје24
|

На крајот на 2017 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат.

Нивната љубов наиде на многу предрасуди бидејќи се со различна националност, меѓутоа самата Аделина истакна дека таа нема предрасуди кога љубовта е во прашање.

Кон крајот на август претходната година Тахири и нејзиниот сопруг станаа родители на нивното прво дете синот Јон кој оттогаш е смила на нивните животи, па секој момент го користат да го поминат заедно.

Тахири и Серјожа деновиве го прославија првиот роденден на својот син Јон. По тој повод тие организираа луксузна забава за синчето која ќе ја паметат цел живот.

На прославата беа поканите нивни роднини и пријателки, меѓу кои и водителката на „Живот со Стил“, Елена Стефановска.

За забавата беа задолжени неколку албански и македонски пејачи, но главна ѕвезда на вечерта беше српскиот пејач Џеј Рамадановски.

Овој момент, Тахири го овечковечи со неколку фотографии кои се најдоа на социјалните мрежи.

Среќен роденден на малиот Јон, да биде жив и здрав, а во иднина ќе ги прави мама и тато да бидат горди.