Агенцијата за храна и ветеринарство со важно соопштение за граѓаните

ИЗВОРСкопје24
|

2019 година беше успешна година за Агенцијата за храна и ветеринарство во која Агенцијата ги исполни сите обврски, изгради партнерски однос со засегнатите субјекти и доби европски признанија за сработеното.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е самостоен орган на Владата на Република Северна Македонија надлежна за вршење на работите од областа на безбедноста на храната и храната за животни, спроведување, контрола, надзор и следење на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните, нивна благосостојба, ветеринарното јавно здравство, како и контрола на националните референтни и овластени лаборатории кои даваат соодветна поддршка за потребите на Агенцијата.

Согласно спроведените анализи на задоволство на корисниците на услугите на Агенцијата за храна и ветеринарство, спроведени според стандардот ISO 9001:2015 сертифициран од страна на Qualityaustria – Viena, добиени се следните средни оценки по години: 2015 3,64; 2016 4,75; 2017 4,72; 2018 4,64; 2019 4,78.

За успесите на Агенцијата за храна и ветеринарство доказ се официјалните информации и признанија:

Меѓународни успеси и евроинтеграциски процес:  АХВ, во изминатиот период, ја исполни обврската за преземањето на законодавството на ЕУ 1 , процес кој продолжува да се одвива непрекинато.
– АХВ го изврши прилагодувањето во најголем дел, преку задоволување на хигиенските стандарди на ЕУ вклучително за традиционалните производи. Унапредување на производните објекти за храна од животинско потекло, квалитетот на суровото млеко, унапредување на одгледувањето на фармите како и благосостојбата на животните, контрола на пестицидите и веродостоен/сигурен систем на национални лаборатории. На овој начин храната произведена во Република Северна Македонија ги гарантира високите стандарди не само за своите граѓани односно потрошувачи, туку и за потрошувачите на ЕУ, како идна земја членка.
– Агенцијата за храна и ветеринарство обезбедува високо ниво на безбедност на храната. Позитивна е и оценката за здравствената заштита на животните, благосостојбата и безбедноста на храната од животинско потекло и исхраната на животните.
– Агенцијата за храна и ветеринарство, во улога на национален координатор за Европската агенција за безбедност на храна во Република Северна Македонија, во текот на изминатите двеипол години активно учествуваше во активностите организирани од страна на Европската агенција за безбедност на храна, земајќи учество со свои претставници во научните мрежи на ЕФСА и активно се вклучи во спроведувањето на кампањите за подигнување на свеста за безбедност на храна за антимикробна резистенција, резидуи од пестициди и контаминенти; Прва држава, надвор од ЕУ, која доставува податоци до ЕФСА за антимикробна резистенција, резидуи од пестициди и контаминенти;
– Соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ со Европската агенција за безбедност на храната, како и посветеноста во насока на следење на глобалните трендови чија цел е заштита на јавното здравје и здравствената заштита на животните, резултираше со приклучување на АХВ во конзорциумот кој го спроведува СИГМА проектот. Конзорциумот е формиран со цел да се обезбеди научна и техничка поддршка на Европската комисија во процесот на спроведување епидемиолошка анализа на појава на бо*ести кај животните и проценка на податоците од спроведените надзори во однос на Ehinococcus multilocularis и Авијарната инфлуенца;
– АХВ активно го спроведува проектот: Поддршка за национални истражувања во исхраната во сообразност со методологијата на ЕУ Мени (шеста поддршка) Истражувања кај деца“, каде се реализирани 2 истражувачи кампањи и тоа зима 2018 и пролет, лето и есен 2019 година.


– Во последните 2 години, добиени се одлични оцени во годишните извештаи на Европската комисија на постигнати резултати во процесот на евроинтеграција од областа на ветеринарна политика и безбедност на храната. Во период Јуни 2017 – Декември 2019 година, одобрени се вкупно 13 нови оператори со храна за извоз во Европската Унија;

Економски успеси:
– Во 2017 година се затекна јавен систем за здравствена заштите на животните пред колапс. Неисплатени фактури од ветеринарните друштва за извршени услуги од јавен интерес за потребите на државата во висина од 5 милиони евра и неисплатени фактури за извршени услуги кон лабораториите во висина од околу 3 милиони евра. Сите овие долгови од предходните години се исплатени , а надоместокците за извршените услуги редовно и навремено се плаќаат.
– Од ситуација кога секој момент се очекуваше целокупниот систем за контрола на безбедноста на хранат и здравствената заштита на животните да колабира, поради повеќегодишното не исплаќање на финансиски обврски ( 8,1 милиони евра ) спрема сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и другите испорачатели на услуги, до редовна и навремена исплата на обврските.
– Во 2019 се направија и измени во Законот за ДДВ каде данокот на додадена вредност за ветеринарно-медицинските препарати се намали од 18% на 5%. Намалена е таксата за ветеринарно-санитарен преглед во текот на празници и неработни денови од 100% на 50%;
– Исплатени се сите заостанати неисплатени дневници на вработените во агенцијата за период 2016 и 2017 година. Во периодот до 31.12.2017 год исплатени се сите заостанати фактури за струја, вода, телефони од изминатите години до јуни 2018 година.

Подобрени услови за здравствена заштита и благосостојба на животните

Спроведени се вонредни пописи на говеда, копитари и свињи:
– За прв пат се доби просторен увид на одгледувалиштата во РСМ, преку внесени податоци за географските координати на попишаните одгледувалишта во информатичкиот систем на АХВ.
– Во 2019 година АХВ активно се вклучи во модулот за следење на ширењето на заразните бо*ести кај животните на ЕU-FMD при FAO; За прв пат АХВ спроведе одредување на ефикасноста на вакцинацијата против чвореста кожа кај говедата;
– Спроведени се повеќе мониторинг програми за испитување за присуство на бо*ести на територијата на РСМ. Врз основа на спроведените мониторинзи на присуство / отсуство на бол*сти АХВ во текот на вториот кварталво 2020 година до ОИЕ ќе достави барање за добивање статус земја слободна од болеста чума кај малите преживари; Во текот на 2018 и 2019 година набавени се опрема и средства потребни за спроведување на итни мерки при појава и сузбивање на заразни бол*сти;
– Превземени се мерки за подигање на биосигурносните мерки на одгледувалиштата со свињи и риби. Интензивирана е соработката со други институции како ловечка федерација на РМ, ловни друштва, Национални паркови, ЈП Македонски шуми и особено со МЗШВ
– Обезбедено бесплатно Микрочипирање на домашни миленици. Досега во Иинформатичкиот Систем на АХВ се евидентирани се 74,260 (71.076 кучиња, 3183 мачки, 1 ласица)
– Во тек е идентификување (микрочипирање) на копитарите и внесување на податоците во ИСАХВ; До 31.12.2019 регистрирани се 11.699 копитари на 7741 одгледувалиште. (8201 коњ, 662 мулиња, 403 мазги и 2433 магариња);
– Во 2018 година донесена е Стратегија за заштита и благосостојба на животните со акциски план; Во текот на 2018 и 2019 година одобрени се 6 прифатилишта за кучиња во Велес/Чашка, Прилеп-ЈКП Комуналец, Штип, Демир Хисар, Кичево и Тетово;

– Од пристигнати 61 (шеесет и една) Програми за одобрување на контрола на популација на бездомни кучиња , одобрени се 37 (триесет и седум) програми. До 2017 година немаше ниту една програма;
– Преземени се активности за стекнување на статус земја слободна од класична свинска чума. Донесен акциски план на активности за укинување на вакцинацијата на класична чума кај свињите. Во вториот квартал од 2020 година ќе се достави и официјално барање до ОИЕ за прогласување на РСМ слободна земја од болеста класична чума кај свињите без вакцинација;
– За првпат по повеќе од 20 години се спроведуваат видливи активности за воспоставување и целосно функционирање на национален систем за управување ( нештетно отсранување и преработка ) со нус – производи од животинско потекло.
– Донесена е одлука за изградба на објект за преработка и нештетно отстранување на НПЖП 3 (кафилерија), како и набавка на соодветна опрема и транспортни средства потебни за фунционално одржување на системот, за што се обезбедени 9 милиони евра финансиска поддршка и тоа, 4.5 милиони евра се обезбедени од националната програма ИПА 2019, а остатокот од 4.5 мил евра преку кредитирање од страна на Светска банка.Планирано е во текот на 2020 година да почне изградбата на објектот (кафилерија)

Повисока контрола и подобрен систем за контрола на безбедноста на храната
– За 100% се зголемени финансиски средства и активностите во Програмата за мониторинг на храна, со што се обезбедува посоодветна контрола на безбедноста на храната.
– Во 2018 година воспоставен е МК РАСФФ за брзо известување и последователно спречување на ризици од небезбедна храна и храна за животни Софтверската апликација МК РАСФФ која е идентична со системот за брзо известување – РАСФФ на Европа. Целта е брзо алармирање и внесување на сите опасности кои се поврзани со безбедноста на храната и храната за животни во Република Севрна Македонија


– Во 2017 има евидентирано 10 случаи со тр*ење од храна и 412 лица зат*уени од храна а од нив 21 завршиле на болничко лекување, 2018 – се евидентирани 9 инциденти со тр*ење од храна со инволвирани 178 лица а од нив 35 завршиле на болничко лекување , 2019 евидентирани се 3 инциденти со тр*ење со храна со инволовирани 19 лица а ниеден од нив не бил задржан на бол*ичко лекување.
– За првпат е донесена и спроведена Програма за мониторинг на антимикробната отпорност на причинителите на зоонози (болести преносливи од животните на човекот) и коменсалните бактерии.
– За прв пат е донесена Програмата за мониторинг на безбедноста на храната за животни, со цел утврдување на одредени несообразности во однос на прописите за безбедноста на храната за животни;
– За прв пат во 2018 година започна да со спроведување на Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна;
– За прв пат е воведен регистер на примарни производители на мед; За прв пат во програмата за мониторинг на безбедноста на храната се воведе нова активност мониторинг на храната третирана со јонизирачко зрачење;
– Реализираи се активностите за подобрување на квалитетот на суровото млеко, преку спроведување на Акцискиот план за категоризација на фармите за производство на млеко врз основа на ризик кои целосно беа прекинати до јуни 2017 год;
– За првпат по повеќе од 20 години се спроведуваат видливи активности за воспоставување на системот за управување (нештетно отстранување и преработка) со нус-производи до животинско потекло, одредена е локацијата, обезбедени се 9 милиони евра финансиски средства. Планирано е во текот на 2020 година да почне изградбата на објектот (кафилерија);
– Усвоен е правилникот за мали производители и локализирана активност, со флексибилна примена на законодавството каде се обезбедува соодветни услови за пласман на мали количини храна од животинско потекло од страна на примарните производители;
– Решени 1000 предмети со закочени управни постапки за храна од неживотниско потелко пред 2017 година;
– Усвоен е Повеќегодишниот национален контролен план за период од 5 години, со кој се доцнеше цели 2 години, со цел проверка на усогласеноста со прописите за храна, храна за животни, здравје и благосостојба на животните и координирање своите активности на вклучените институции, со цел заштита на јавното и здравјето на животните;

– Во функција на обезбедување на научна и техничка поддршка за Агенцијата за храна ветеринарство Националниот Совет за безбедност на храната започна да работи непречено. За неполна година и пол има одржано 6 состаноци, каде се изнесени најсериозните закани по безбедност на храната.