Airbnb ве носи 2 месеци на Бахамите, потполно бесплатно

ИЗВОРскопје24
|

Arbnb е во потрага по пет лица кои се подготвени да остават сè што прават во моментов и да тргнат на бесплатно двомесечно патување на Бахамите за да помогнат во еколошките проекти на Карибите. Лицата ќе треба да ги поминат арпил и мај на три локации на Бахамите. Таму ќе треба да помогнат во зачувувањето на природните и културните ресурси на земјата.

Најновата програма на Airbnb развиена во партнерство со Bahams National Trust, локална непрофитна организација која под своја закрила има 32 национални паркови во земјата, ви овозможува двомесечна авантура на најубавите острови во светот.

За да учествуваат во програмата, апликантите мора да покажат “желба и мотивација да придонесат и да учествуваат во животот на островот“ велат од компанијата.

Кандидатите што ќе бидат одбрани за ова патување ќе одат на островот Андрос каде што ќе помогнат во создавање на програма за реставрација на коралните гребени. Исто така тие ќе поминат одредено време работејќи на конзервација на загрозени видови во Ексума и помагајќи на еколошки и истражувачки проекти во Елеутера.

За да учествуваат во оваа програма апликантите мора да имаат над 18 години. Треба течно да говорат англиски јазик и да бидат од една од 34-те квалификувани држави. На 25 март 2020 година Airbnb ќе ги објави кандидатите кои се избрани да учествуваат во проектот.