Ако останеш за третпат, ќе те обесиме како во Саудиска Арабија – нови закани кон Раде Трајковски Штекли

|

„Раде се спаси првиот пат, ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, е најновата закана што е упатена за Раде Трајковски Штекли преку Тик-ток во форма на видео. Зад материјалот се верува дека стои скопското подземје.

Трајковски сè уште е на интензивна нега по нападот со огнено оружје врз него во Ист гејт мол. Напаѓачот истрела неколку куршуми по што го напушти местото на настанот и по него сè уште трага полицијата.

Во пукањето настрада и неговиот помлад пријател со прекар Колумбо. Двајцата се хоспитализирани во Клиничкиот центар. Беа примени во тешка состојба, но сега се надвор од животна опасност.

Кон Раде Трајковски беше пукано и во август годинава, исто така, во Ист гејт мол.