Ако сте родени на еден од овие датуми, вашата мисија во животот е многу посебна

ИЗВОРСкопје24
|

За секого е важно на кој датум е роден, а збирот на броеви и редоследот на sвездите го одредува до одреден степен нашиот животен пат и квалитетите што ги поседуваме.

Во нумерологијата, постои теорија дека луѓето родени на овие датуми, без оглед на месецот и годината, имаат посебна карма.

Значи, ако вашиот роденден се совпаѓа со овие броеви, видете што се очекува од вас:

Луѓе родени на 13-ти

Луѓето родени на 13-ти ќе го остварат својот сон и цел, но треба да научат да се справат со пречките. После секој неуспех, тие емоционално пропаѓаат, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека нивниот свет се распаѓа. Секоја цел во нивниот живот тие ќе ја постигнат надминувајќи една или две пречки.. Едноставно не треба да ги земате неуспесите како нешто негативно. Туку, научете се да учите од нив. Ваша карма е да станете успешни, но и ментално силни луѓе.

Луѓе родени на 17-ти

Во претходните животи премногу ја злоупотребивте својата слобода и сега треба да го промените тоа. Склони сте кон несериозно однесување – да лажете, да не ги почитувате другите, да го правите тоа што го сакате. Но, вашата карма е помалку да влегувате во искушенија и да поставите цел која ќе ја следите. Може да биде поврзана со личен развој, развој на бизнисот, учење. Се верува дека имате сила да го промените дури и светот, сè додека се фокусирате на своите цели и ако станете посериозни и смирени.

Луѓе родени на 21-ви

Откако ќе се родете на овој датум, тоа значи дека мора да дејствувате иновативно. Вашата карма е должност да иницирате и да водите други по вас. Ова бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, ги имате во изобилство, само треба да верувате во себе. Не треба да бидете иронични и цинични – ваквото однесување ќе создаде негативна енергија што ќе ве оттргне од судбоносниот пат што треба да го следите. Треба да започнете со нешто ново секој ден. И направете го тоа со целата ваша љубов и желба. Можете на пример, да засадите дрво, да се дружите, да помогнете на животно, да се направи креативна промена на работното место, да се посети ново место – да се направи идејата во реалност.

Луѓе родени на 29-ти

Вие сте луѓе кои треба да бидат морална и емоционална поддршка на другите. Имате тенденција да потонете и да се затворите, имате тенденција да останете претежно дома. Тоа треба да се промени. Треба да комуницирате со познаници и нови луѓе секој ден. Да давате совети, да слушате, да помогнете, да мотивирате. Вашата карма е исклучително важна, затоа што благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе најдат среќа и љубов. Вие сте амбасадори на доброто, дистрибутери на надежта, мудри советници -тоа е вашата судбина.