Ако ви го украдат мобилниот телефон направете го ова веднаш

|

Доколку ви се случи да ви го украдат, или пак го изгубите вашиот мобилен телефон, треба да имате на ум неколку работи.

Најпрво треба случајот да го пријавите во полиција за да се лоцира украдениот уред.

Освен тоа можете и самите да си го заклучите телефонот за крадецот да не може да го користи.

За тоа треба да го знаете серискиот број на вашиот телефон. За да дознаете кој е тој, искуцајте *#06# и на екранот ќе ви се појави 15 цифрен број. Запишете го и чувајте го на сигурно место.

Доколку ви се случи да ви го украдат телефонот, повикајте го вашиот оператор, кажете му го серискиот број и побарајте негово блокирање. Така блокираниот уред ќе биде сосема бескорисен дури и ако на него се промени сим-картичката.

Потоа продолжете да работите на лоцирањето на телефонот за што побрзо да го добиете назад.

Загубата на мобилен телефон е многу голем проблем, кој сепак се случува доста често и на многу луѓе. За жал повеќето корисници не користат дополнителните апликации за лоцирање на изгубените уреди.

Затоа „Google“ разви нова функција, која е интегрирана во стандардна апликација за „Android“, соопштува интернет изданието „VentureBeat“. Потребно е корисниците да ја имаат инсталирано последната верзија на стандардната апликација „Google“ на смартфонот.

Ако се случи да неможат да го најдат вашиот телефон, може да дојдат во вашиот профил во „Google“ преку компјутер и да отворат пребарувач. Треба да напишат „find my phone“ и „Google“ ќе покаже мапа од локацијата на уредот. Има и опција да се натера телефонот да ѕвони.

Оваа функција беше достапна како посебна апликација под името „Android Device Manager“ уште во 2013-та година. Таа сепак не успеа да се популаризира меѓу пошироката јавност и затоа се чини дека поради тоа „Google“ сега ја вградува во основните апликации. Тоа не значи дека „Android Device Manager“ ќе престане да постои. Апликацијата се уште е главен начин да се блокираат информациите во изгубен телефон, а веќе има поддршка и за паметните уреди со „Android Wear“.