Актерката Јелена Јованова го покажа потпораснатиот син (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пред речиси една година познатата македонска актерка Јелена Јованова или попозната како Јелена од Драчево, од популарната хумористична серија Преспав, стана мајка за првпат и на свет донесе машко дете.

Таа во јуни 2020 година се породи и на свет го донесе наследникот кој го крсти Јаков. Тој наскоро ќе полни една година и ќе ги прави првите чекори, но мама и тато не се расположени многу да го покажуваат јавно.

Јелена и нејзиниот сопруг не сакаат многу да се експонираат во јавноста иако се јавни личности, а особено ја штитат нивната приватност, а сега и приватноста на нивниот син. На нивните профили на социјалните мрежи може делумно да се види Јаков, но до сега немаат поставено фотографии на кои не се гледа неговото лице.

Овој пат, Јелена направи мал исклучок, повторно не го покажа лицето на Јаков, но откри колку пораснал. Седи пред прозорец, мама го фотографира, а симболиката е дека тој е центарот низ нејзиниот прозорец.

Инаку, во една прилика за Стори.хр, Јелена откри каков е Јаков: Весело и насмеано бебе. Многу љубопитен. Од срце ја дели својата насмевкса со сите. Исти како мене. Mислам дека е совршен микс од двајцата.

Кога пак родителството е во прашање и привикнување на новиот начин на живот, таа вели:

-Не постои курс за родителство. Лекциите ги учиме во движење и секој ден учиме нешто ново. Оваа промена не е затворен процес. Се обидувам да бидам поодлучна и посамоуверена. Ако ми треба совет, со задоволство го барам, и ако не го барам, подобро без предлози. Секако дека има моменти кога не сме сигурни дали го избираме најдоброто за него или тој избор може да биде подобар, но не мислам дека тоа некогаш ќе се промени. Само е сигурно дека некогаш ќе згрешиме, открива Јелена Јованова.