ФОТО: Актерката објави фотографија од детството – денес е популарна, а како мала личела на момче

|

Актерката Џенифер Анистон пред само неколку месеци отвори Инстаграм профил и за кратко време собра над 20 милиони следбеници.

Таа е активна на споменатата социјална мрежа, па често објавува фотографии и снимки, но последната сепак привлече најмногу внимание.
Имено, актерката објави своја црно-бела фотографија од периодот кога била мала, на која има капа на главата и седи покрај прозорец.

Во опис на фотографијата напишала дека претпоставува дека во тој период го очекувала снегот.

Џенифер Анистон е родена како Џенифер Џоан Лин Анастасакис, ќерка на познатиот американски глумец Џон Анистон и на Ненси Доу. Нејзината мајка е од италијанско – шкотско потекло, а таткото од грчко потекло. Краток дел од своето детство го поминала во Грција. Нејзините родители се развеле кога Џенифер имала девет години. Таа останала да живее со мајка си, а постариот брат Џон се преселил во Лос Анџелес.

Анистон се појави како „Nutri System“ девојка во радиското шоу на Хауард Стерн во доцните 1980-ти и раните 1990-ти. Таа се пресели во Холивуд и ја доби првата телевизиска улога во серијата “Molloy”, а потоа во филмот „Camp Cucamonga“. Исто така, таа играше лик на сестра во ТВ серијата „Ferris Bueller“. Серијата во неколку наврати беше откажана. По двата неуспеха, Анистон почна да се одрекува од глумата.

Но, плановите ѝ се променија кога се пријавила на аудицијата за хумористичната серија „Пријатели“, која започна со емитување во сезоната 1994/1995. Продуцентите на серијата сепак сакале да ја видат Џенифер во улогата на Моника Гелер, но Џенифер била упорна и ги уверила дека ликот на Рејчел Грин како да бил напишан за неа. Така, таа ја добива улогата на Рејчел, и ја играше цели 10 години, од 1994 – 2004година. Серијата беше позната низ целиот свет, дури и фризурата како „Рејчел“ била барана по фризерските салони. Улогата на Џенифер, пото доби и пет номинации за престижната телевизиска награда „Еми“, а доби награда и за „Најдобра главна глумица во хумористична серија“.