Актерката Стојановска правосилно ослободена од вина за шверц на дрога

|

Актерката Силвија Стојановска по речиси пет години откако започна судскиот процес против неа за шверц на дрога, е ослободена од вина.

Апелациониот суд ја одби жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како неоснована и јa потврди ослободителната пресуда донесена од Основниот кривичен суд со што процесот сега е конечно завршен.