АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МНОГУ СТУДЕНА НОЌ ПРОСЛЕДЕНА СО СЕВЕРЕН И СЕВЕРОЗАПАДЕН ВЕТЕР

ИЗВОРСкопје24
|

Поради намалувањето на облачноста на повеќе места низ државава во текот на претстојната ноќ ќе имаме МНОГУ НИСКИ температури на воздухот кој насекаде ќе се спуштат под нулата, токму поради ова ќе има појава на голомразица па така на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни, особено доколку се движат на местата каде што има снег и секако голомразица. Ќе дува северен и северозападен ветер, особено Долж Повардарието и на исток каде повремено ќе биде засилен.

До утре наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -1 степен, додека на повисоките планински места истите се очекува да се спуштат и до околу -15 степени. Максималните дневни пак утре ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Само претпладне во крајните североисточни предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука