АЛАРМАНТНО: По Преспанското и Охридското Езеро, и Мавровското се претвори во баричка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Алармантна е ситуацијата со езерата во нашата земја. Имено, според фотографиите кои ги објави Курир се гледа тажната слика од нашите најголеми бисери во земјава, Преспанското, Охридското, а сега веќе и Мавровското Езеро кои буквално пресушија поради негрижа.

Ваквиот несоодветен третман кон природата е само уште еден доказ дека не умееме да зачуваме ништо што ни е оставено како богатство и како такво треба да им го предадеме на следните генерации.

Фотографиите ова утро од Маврово буквално се фрапантни, а граѓаните преку социјалните мрежи веќе со недели апелираат да се спаси и Преспанското Езеро, а од вчера и Охридското чие ниво на водата видливо е намалено.

На крајот се поставува прашањето дали нешто ќе се направи за да се спасат овие наши природни убавини?!

Преспанско езеро
Охридско езеро