Албанија, Црна Гора и Косово се за отворање на границите, се чека на Србија и Бугарија

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите.

– Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата и на Штабот – додаде Филипче.

Претходно министерот за здравство за емисијата „Топ тема“ изјави дека има големи шанси да се отворат границите со земјите од регионот.

„Разговори има, но не сакаме да избрзуваме. Сепак, останатите земји немаат широк начин на тестирање, како што имаме ние“, соопшти Филипче и надополни дека во тек е набавка на брзи тестови за новата болест, што ќе дадат резултати за 15 минути.

„Дел од нив ќе бидат на граничните премини, а дел од нив по болниците“, вели министерот.