Албанија забрани увоз на стари возила

|

Албанската генерална дирекција за услуги во патниот сообраќај соопшти дека веќе нема да биде дозволен увоз на кој било вид моторно возило со производство постаро од 2007 година.

Според новите правила, граѓаните за да купат возило од странство мора внимателно да ја разгледаат годината на производство.

Дозволен е увоз/регистрација на возила од Еуро 5 и повеќе: нови возила со 0 км и кои претходно не биле регистрирани за сообраќај во друга земја; други нови моторни возила како што се: автобуси и возила за мешовит превоз (АТП, АТВ, АПВ) од категориите М2 и Н1, со 0 км и кои претходно не се регистрирани за сообраќај во ниту една друга земја, се наведува во соопштението на дирекцијата.

Уттаму додаваат дека возилата од истите категории што веќе биле регистрирани за сообраќај во друга земја, а го исполнуваат условот Евро 3, мора да се произведени не повеќе од 15 години пред датумот на првата регистрација во Албанија.