Алекса Балашевиќ за татко му и мајка му: „Љубовта на мојот Џоле и Оља е уникатна!“

ИЗВОРСкопје24
|

Веста за заминувањето на Ѓорѓе Балашевиќ сеуште ја шокира јавноста во целиот регион, и се чини никој не може да поверува дека уникатниот пејач и кантавтор повеќе го нема меѓу нас. Целиот негов живот беше маркантен, секоја реченица кажана од него беше цитирана и години подоцна, а таква беше и љубовта помеѓу него и саканата Оливера, со која беа во брак повеќе од 40 години.

Алекса Балашевиќ, најмладиот синот на Ѓорѓе и Оливера, уште минатата година во едно интервју раскажа за големата љубов на татко му и мајка му и истакнал колку е горд на фактот дека е нивно дете.

„Денес е премногу лесно да се биде славен, и јас не сум само дете на славни родители, туку дете на големи луѓе. Божествена. Уметничка династија. Глобални авторитети”, рекол тој во интервју за српски Hello.

„Дали е тоа олеснителна или отежнувачка околност? Доаѓа до истото, како и со секое дете, нормално и правилно”, додал тој. Во тоа време, Алекса раскажал и за неговата свршеница Николина.

„Љубовта на мојот Џоле и Оља е уникатна. Таа не постои никаде во светот. Мајка ми ме советува да бидам единствен. Секогаш има шанси за добри и небесни луѓе. И јас и Никана сме баш такви, сосема поинакви од другите“, заклучил тој.

Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ се венчале на 7. мај 1981 година, на скромна церемонија во Нови Сад и добиле две ќерки – Јелена и Јована и синот Алекса.