Александар Маленко се ожени по петти пат, па твитер се преплави од шеги – Ова е новата избраничка (ФОТО)

|

Еден од нашите најдобри пливачи, моментален претседател на Пливачката федерација на Македонија и познат казанова Александар Маленко, по се изгледа ќе го прогласиме и за човек со најмногу бракови зад себе, откако вчера објави дека се оженил повторно, по петти пат.

Неговата избраничка е исто така поранешна пливачка, а нејзиното име е Метка Спаравец од Словенија.

Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двајцата на социјалните мрежи. Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца од различни жени.

Од поранешните сопруги најпознати се пејачката, водителка и поетеса Сузана Турунџиева и актерката Јелена Жугиќ, но исто така беше оженет и со една русинка, додека последната жена беше охриѓанката Фанка, со која беше во брак од 2012 година.

Токму поради својот статус на Казанова, социјалната мрежа твитер по оваа информација се преполни со шеги на негова сметка, а во продолжение ви ги прикажуваме најинтересните:

„Повеќе свадби има направено Маленко сам него ли цело Пехчево до сега“; „Маленко на прв дејт оди со прстен“; „Маленко пак се женил, а ти уште не си ми пишал“; „Кумот на Маленко денес пријави банкрот“; „Иам чоек можам за 1000че да ти проверам дали си била мажена за Маленко“…