Александра Илиевска само што не се породила: ТВ водителката изгледа поубаво од било кога (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Сите останаа зачудени кога почна новата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија, а дел од него повеќе не е Александра како водителка. Поради тоа на големо почна да се зборува за причините за ваквата промена, а веб порталот Вистина.мк објави дека омилената водителка всушност е бремена и го чека своето прво дете.

Поради ситуацијата во која се наоѓа целиот свет со болеста, Александра не сакаше да ризикува и реши кариерата да ја стави на пауза додека не се роди нејзиното дете.

Оттогаш помина извесен поериод, а трудничкиот стомак на Александра веќе се познава па таа городо позира на фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи. Наскоро таа треба да се породи, а бидејќи е во последниот триместар, во фокусот од изгледот е нејзиниот голем стомак.

Иако е во поодмината бременост, од нејзините фотографии на Инстаграм може да се забележи дека Александра нема проблем со килограмите, впрочем изгледа поубаво од било кога и ја задржала витата линија дури и за време на бременоста.

Среќна, насмеана, модерна мама која наскоро ќе изгледа уште поубаво со бебенцето во рацете.

Новата 2021 со сигурност за неа ќе биде уште поубава и полна со безусловна мајчинска љубов!