Александра од „Брза кујна“ го покажа трудничкото стомаче – „Секој ден сум поблиску до другата љубов на мојот живот“

ИЗВОРСкопје24
|

Сите се изненадија кога дознаа дека Александра Илиевска, водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, ги напушта малите екрани и шефовите Марк и Никола, но таа има добра причина за тоа. Како што и самата објави уште пред некое време, таа во моментов го живее најубавиот дел од својот живот бидејќи го очекува своето прво дете.

Многу се зборуваше за нејзината бременост и причините поради кои си замина од шоуто, но сега дури и покажа на социјалните мрежи како изгледа со прекрасно трудничкото стомаче.

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.

Александра е во брак со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да се земат.