Александра Пријовиќ славеше роденден – честитката од свекрвата откри во какви односи се со снаата

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Александра Пријовиќ вчера го прослави својот роденден. Таа веќе со своите 26 години е успешна пејачка, има голем број хитови, создаде семејство, а некои детали откриваат во какви односи се со семејството на сопругот Филип.

Вистинската мајка на Филип е инаку Зорица. Пријовиќ како што има коректни односи со Лепа Брена така и со вистинската мајка на Филип живее во убав однос, а тоа може да се види и од честитката која мајката на Филип и ја упати на Александра.

„Среќен роденден на нашата убава Алекс“, порача Зорица.

„Денот кога се роди е најубавиот ден во мојот живот. Благодарна сум што имам искрена, убава и интелигетна личност како тебе. Среќен роденден девојче мое. Мама ќе те сака засекогаш“, напиша пак мајката на Александра.