Александра Пријовиќ за сопругот Филип: „Поради него живеев во авион“

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Александра Пријовиќ често знае да открие детали од својот приватен живот. Овојпат таа се потсети на почетоците на врската со сегашниот сопруг Филип.

„Толку бев заљубена, па имав настап во Австрија или Германија, не се сеќавам, па купив карта за Америка да одам да го видам на 4 дена бидејќи не можев без него. А потоа од Америка летав на следниот настап“, откри Пријовиќ.

ENTERTAINEMENT, nastup Aleksandre Prijovic Prije na splavu River, Filip Zivojinovic i Aleksandra Prijovic Prija

Александра исто така откри дека во една прилика Филип ја „купил“ со еден гест.

„Еднаш кога доаѓаше кај мене ме праша што да купи да пиеме, јас му реков дека пијам само вода и човекот ми донесе пакет со вода“, изјави Пријовиќ.

Претходно таа зборуваше дека воопшто не е љубоморна женаж, па така таа кажа дека воопшто не и пречи дури и ако нејзиниот сопруг има пет жени, само ако на него му е убаво.

Меѓу другото Пријовиќ обелодени и дека знае со сопругот да се скара и дека таа расправија знае да биде жестока.

Snimanje emisije Grand specijal,Aleksandra Prijovic
foto Vladimir Sporcic

Јас реагирам многу поексплозивно, но кога ќе влезам во расправија со него, на крај испаѓа дека се расправам само со себе, затоа што тој нејќе да ме слуша – вели Александра.