АМЕРИКАНСКАТА КРАЈБРЕЖНА СТРАЖА ЈА ОБЈАВИ ВЕСТА КОЈА ЈА ЧЕКА ЦЕЛИОТ СВЕТ

|

Исчезнатата подморница со пет члена на екипажот, остана без воздух за дишење.

Подморницата управувана од OceanGate Expeditions, исчезна во неделата наутро во водите во близина на Њуфаундленд и официјални лица во понеделникот рекоа дека истата има 96-часовно снабдување со кислород за „итни случаи“.

Во меѓувреме американската крајбрежна стража ја објави веста која ја чека целиот свет.

Американската крајбрежна стража на Твитер објави дека роботска подморница (ROV) управувана од далечина го „допрела дното“ на Атлантскиот Океан.

Станува збор за далечински управувана роботска подморница (ROV) која беше испратена од канадскиот брод „Horizon Arctic“, еден од бродовите вклучени во потрагата во Атлантикот, да ја бара исчезнатата подморница „Titan“.

– Канадскиот брод „Horizon Arctic“ испрати ROV кој стигна до морското дно и ја започна потрагата по исчезнатата подморница – твитна американската крајбрежна стража.