Американски продуцент e идентичен двојник на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Сигурно сте слушнале за приказната дека на нашата планета секој има свој двојник, некој кој неверојатно личи на вас.

Верувале или не, двојник има и најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Имено, на друштвените мрежи се појави фотографија од двојникот на Ноле, а сличноста е неверојатна. Тие имаат сличен облик на лицето, носот и устата.

Станува збор за 45 годишниот американски продуцент Мајкл Енглер кој во последните 20 години продуцира серии, а се пробал и во филмови.

Меѓу другото, Maјкл го продуцирал и филмот „Се*сот и градот“ и изгледа како повозрасна верзија на Новак.

Facebook снима документарен филм за најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ!

Facebook снима документарен филм за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и добротворните активности на тенисерот.

Главните кадри се направени, а на филмот работи екипа од Велика Британија. Корисниците на Facebook материјалот ќе можат да го видат кон крајот на октомври или најдоцна до крајот на годината. На чело на тимот е продуцентот Том Пери од Лондон од компанијата Film Farmers, а негов прв соработник е Сем Клејсон.

„Правиме филм од неколку минути со фокус на добротворните активности на најдобриот тенисер во светот“, стои во соопштението на компанијата.

Сем Клејсон вели дека тимот од Англија не е многу добро запознаен со добротворните активности на Ѓоковиќ.

„Знаевме за неговата тениска кариера, но луѓето во Англија не се општо запознаени со Фондацијата на Ѓоковиќ и со сето тоа што го прави за децата, особено овде во Србија. Убаво е да се отворат очите и да се види што прават Фондацијата и Новак за најмладите“, вели тој.

Новак Ѓоковиќ е роден 22 мај 1987, Белград, СФР Југославија и е професионален тенисер од Србија.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир.

Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно).

Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година.

Од финалето во Дејвис купот во 2010 година до „мастерсот“ во Рим во 2011 година, Ѓоковиќ направил низа од 36 последователни победи, вклучувајќи ги титулите на Австралијан Опен, Дубаи, „мастерсот“ во Индијан Велс, Србија Опен и „мастерсот“ во Мадрид. Подоцна, тој победил на 41 последователни натпревари од почетокот на 2011 година, што е втора најдолга низа од 1980 година (зад Џон Мекинро кој имал 42 последователни победи во 1984 година).

Ѓоковиќ е двоен добитник на наградата најдобар спортист во Србија и најдобар спортист според Олимпискиот Комитет на Србија и се смета за најдобриот машки тенисер кој произлегол од Србија и од поранешната Југославија. Исто така, Ѓоковиќ е носител на Орденот на Св. Сава, најголемиот орден на СПЦ.