Амстердам и Скопје ќе се сретнат на Red Sound District во МКЦ

Уникатната музичка комбинација на македонски и холански диџеи, во една вечер, на едно место, но на два подиума, по четвти пат ќе се случува во Скопје. Оваа година веќе познатиот настан Red Sound District ќе се одржи на 21 Април во култниот МКЦ.

Има една клубска вечер која како концепт се покажа многу успешен. Red Sound District веќе четврта година по ред ќе се одржува во Скопје. Традиционално МКЦ ќе биде местото каде што ќе можеме во едан вечер да ги слушнеме едни од можеби нај интересните амстердански диџии во комбинациија со неколку македонски. Водечкото име Abstract Division.

Енергично и интелегентно техно. Тоа е и причината поради која Abstract Division ги полнат фестивалите и клубовите ширум Европа. Ова ќе биде нивен прв настап во Скопје, каде што имаат многу фанови, а нивната музика веќе подолго време се пушта и низ клубовите во земјава. Дополнително, ќе го слишнеме и амстердамските дји Esh и Florinsz Janvier. Од домашните тука ќе бидат ME.N.U. , Vidinovski, Mirko Popov и Simonovski.

Имајќи ја предвид масовноста на настанот картите веќе се пуштени ов пред продажба по цена од симболични 250 денари. На врата на самата вечер ќе бидат 300 денари. Организаторите најавуваат дека журката ќе трае до раните утрински часови