Ана Бекута го прослави својот 60-ти роденден и покажа дека ги преполовила килограмите (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Ана Бекува вчера го прослави јубилејниот 60-ти роденден заедно со многумина гости од естрадата.

Пејачката во долг розов фустан откри дека ослабела премногу, но и дека изгледа помладо од било кога.

Таа за медиумите откри дека не и е важен подарокот од својот сопруг, туку дека тој и е важен, но покажа и што добила од него.

Имено тој и подарил скапоцена алка која пејачката целото време ја носеше на себе.

Инаку, наскоро започнува новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а Ана Бекута откри како се чувствува што повторно ќе биде дел од жирито.

Пејачката откри дека директорот, Саша Поповиќ ги третира како робови.

„Не сум возбудена, не се натпреварувам. Сигурно ќе се намачиме. Поповиќ само ќе го земе камшикот и ќе не третира како робови. Верувам дека ова ќе биде уште една успешна сезона и дека ќе има многу изненадувања“ вели Бекута и додава:

„Тој натпревар е посебен, но борбата започнува подоцна, не е се готово со победата. Испадна дека незабележителните луѓе направија кариера. Ништо не значи, ако немате среќа“ вели Ана.

За потсетвање, во последната сезона имаше и многу македонски кандидати, а Поповиќ најави дека на псоледната аудиција во Скопје биле одбрани околу 50 нови македонски кандидати.