Новинарката и водителка Анастасија Деа Богданоска пред само неколку дена на свет го донесе своето прво чедо, ќеркичката Дениција.
Деа и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – „Бетмен“ радосните вести ги објавија на социјалните мрежи, а гордиот татко посебно се издвојува со цитирање на стихови од поемата „Кога ја љубев Дениција“ од Петре М. Андреевски. Нешто подоцна, се огласи и среќната мајка која не чекаше многу за да ја објави првата фотографија од наследничката.
Меѓутоа, по неколку дена Анастасија излезе од породилишите и заедно со Дениција си дојдоа дома. Водителката во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели што дочекала кога пристигнале дома.
Анастасија и Дениција беа пречекани со балони на кои пишува „Добредојде Дениција“, розова торта, подароци и со балони напишано „Girl“ односно девојче.