Анастасија и Немања се вратија од Шпанија и веднаш заминаа на ова свето место (ФОТО)

|

Младата поп ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ на крајот на мај го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, а оваа тажна вест ја соопшти нејзиното момче Немања Гудељ.

По оваа трагедија ќерката на Цеца ги деактивираше социјалните мрежи, а во јавноста првпат е видена на стадионот во Унгарија каде го бодреше Немања во натпреварите во Лигата на Европа.

По ова таа допатува во Белград, но на кратко, а потоа заминала за Требиње, родното место на таткото на Немања Гудељ.

Сега на социјалните мрежи се појавија и фотографии од фановите кои се сликале со неа во манастирот Острог во Црна Гора.