Анастасија Ражнатовиќ (25) го загуби своето бебе само неколку недели откако јавноста ја информира дека е во блажена состојба, а сега најблиските, наводно, не можат да ја извлечат од депресија.
Тажната вест на Инстаграм ја објави нејзиното момче Немања Гудељ, кој во овие тешки моменти ги замоли сите да ја почитуваат нивната приватност.
Анастасија е вон себе откако дозна дека го изгубила бебето. Нормално е да се чувствува така, сите се свесни дека ѝ треба време да закрепне и да се прибере, но едвај зборува. Немања цело време е со неа и се обидува да ја изнесе во природа, да зборува за се’, но таа не излегува од собата. Се повлече и само повторува: „Кога ќе можам да го фатам првиот лет за Белград“, раскажува добро информиран извор.
Според него, на Анастасија сега ѝ е најпотребна поддршката на најблиските:
Анастасија беше одвоена од семејството и пред и за време на бременоста. Сега никој не ги ни спомнува документите што мораше да ги чека за да остане таму. Тоа ѝ е неважно сега. Сака да биде во близина на нејзината мајка, брат и тетка. Таа е многу приврзана за децата на Вељко, цело време зборува дека сака да ги гушне и на Гудељ му е тешко да го слуша сето тоа.
Цело време ги гледа преку видеоповик. Она што сега најмногу го плаши Немања е тоа што Анастасија не се храни добро, цело време е во депресија, па и тој откажа многу обврски. И нему му е тешко, но не го покажува тоа, се труди да остане силен заради неа , а и за да излезат што е можно помалку информации во јавноста.
Инаку, тажната вест спортистот го затекна непосредно пред големиот меч во кариерата, пред финалето на Лига Европа, во кое Севиља игра против Рома. Од друга страна, Анастасија веднаш го загасна својот инстаграм-профил и планира на одредено време целосно да се повлече од јавноста.
Во оваа пригода, новинарите се обидоа да стапат во контакт со Ражнатовиќ, но таа не одговараше на повиците.
Цеца ја користи секоја пригода да ѝ објасни на Анастасија дека не треба да избрзува со одлуките и дека е нормално да се чувствува депресивно, па затоа се обидува да ја убеди се’ уште да не доаѓа во Белград.
Цеца и Анастасија нон-стоп се на видеоповик. Бара да ѝ ги покаже братучедите, разговара со сите во куќата и ги кани повторно да дојдат во Шпанија. Цеца ѝ вели на ќерка си дека се’ ќе се среди, дека такви работи се случуваат и дека е нормално да тагува, но не смее да биде толку депресивна за да не си го загрозува здравјето бидејќи одбива да јаде – открил извор за „Република.рс“.