Славчо Попоски: АНДРЕА активна – најава за нови поинтензивни врнежи и грмежи, можност за НЕВРЕМЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на циклонот АНДРЕА и понатаму времето во државава ќе биде променливо и нестабилно на многу места со повремени врнежи од дожд додека локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења како и со појава на град.

Понатаму локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2. Секако во случај на појава на електрични празнења ве советуваме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Температурите на воздухот во следните денови ќе бележат тенденција на пораст.

Инаку до сега има наврнато огромно количество на воден талог во делви од државава и тоа особено на запад па така во Лазарополе се измерени близу 100 л/м2 воден талог и доброто е во тоа што барем засега и покрај интензивните врнежи на повеќе места низ државава не прават никакви проблеми.

Подготви: Славчо Попоски за 1тв.