Андреј и Панчо од ДНК покажаа како изгледа да си голема ѕвезда со уште поголемо срце

ИЗВОРскопје24
|

По сторијата за велешанецот Јордан (40) кој сам се грижи за својата мајка Ангела (72), групата ДНК тргна кон нивниот дом да им помогнат колку што им се можностите.

Овој хуман гест не им е првпат. Андреј и Панчо имаат огромни хумани срца. Тие се големи ѕвезди со уште поголемо срце.

„Одвоивме време и отидовме да помогнеме онолку колку ни дозволува нашиот буџет. Тетка Ангела беше пресреќна, дури не покани да седнеме до неа и си поразговаравме малку, не само за лошите работи. Иако со синот Јордан се оставени на цедило од државата, беа одлични домаќини и ни се заблагодарија за тоа што сме одвоиле време и средства за да им помогнеме. Јас само би додал дека така се сака МАЈКА, бидејќи е една, а токму нејзиниот син Јордан е пример за сите нас. Секогаш со неа и до неа, посветувајќи и го несебично неговиот живот, но на кого друг би го посветил ако не на жената која го донела на овој свет и го изгледала и пружала безусловна љубов. Факт е дека живеат во прелоши услови, но благодарение на сите добри луѓе, веруваат дека условите ќе им се подобрат и дека ќе може да живеат еден нормален живот, како што доликува за секое човечко суштество.

Ние дониравме храна, средства за хигиена, шпорет на дрва и дрва во соработка со нашите долгогодишни соработници, а сите вие кој можете и сакате да помогнете исконтактирај те го Јордан на следниот број: 074 / 600 – 659“.