Ангела Меркел за пензионирањето: Ќе се обидам да прочитам нешто па очите ќе ми се затворат затоа што сум уморна

ИЗВОРСкопје24
|

Германската канцеларка Ангела Меркел планира да паузира кога ќе се повлече од политиката. Mеркел ова го изјави за време на нејзината последна официјална посета на САД.

Меркел претходно најави дека повеќе нема да учествува на парламентарните избори во септември и од Вашингтон најави дека по напуштањето на функцијата планира да се одмори добро и да размисли што е тоа што навистина ја интересира.

„Немав време за тоа во овие 16 години како канцелар“, рече таа.

„И тогаш можеби ќе се обидам да прочитам нешто, па очите ќе ми се затворат затоа што сум уморна, па ќе заспијам и потоа ќе видам, ќе размислам“, рече таа.

Меркел утврди дека нема да и недостасува времето во кое постојано носеше одлуки, иако оваа навика веројатно ќе значи дека во главата постојано ќе и се вртат мисли за сè што треба да стори.

„И тогаш многу брзо ќе се сетам дека некој друг го прави тоа сега за мене. И мислам дека ќе бидам многу среќна поради тоа “, рече Меркел.