Англиски медиуми ја откриваат причината зошто Арнаутовиќ го пцуеше Алиоски

ИЗВОРСкопје24
|

Вчерашниот натпревар на Македонија и Австрија на Европското првенство беше вест број еден во нашата земја, а за жал нашата репрезентација го заврши со пораз. Сепак победата на Австрија ја оцрни еден лош потег на фудбалерите.

Имено по постигнатиот гол, Марко Арнаутовиќ наместо да му се израдува на погодокот, тој се нафрли со пцовки кон Езгјан Алиоски.

Арнаутовиќ беше стрелец на третиот гол за Австрија во нивната победа над Македонија од 3-1, но сепак тој беше во центарот на вниманието поради неговиот примитивен испад наместо поради погодокот.

Наместо да му се израдува на голот, тој се сврте кон Алиоски и почна да го пцуе и да гестикулира кон него. Тоа го правеше се додека Алаба не притрча да го смири.

Многумина се прашаа зошто е овој испад на Арнаутовиќ.

Некои медиуми во Англија тврдат дека имаат нерасчистени сметки од времето кога двајцата играа на Островот.

Некои англиски медиуми, пак тврдат дека се работи за нерасчистени сметки меѓу двајцата фудбалери од сезоната во Чемпионшип кога Алиоски играше за Лидс, а Арнаутовиќ за Стоук.