Апокалиптични фотографии утрово настанаа во Санторини – што се случило со времето на Егејско море?

ИЗВОРСкопје24
|

Гледајќи ја оваа фотографија сигурно ќе помислите дека во Санторини веќе пристигнала есента. Пристигнала, но на малку поразличен начин.

Целосно несекојдневна, малку и апокалиптична сцена ги дочекала сите оние кои утрово се пробудиле на Санторини и сфатиле дека не можат да погледнат подалеку од својот прст.

Маглата дефинитивно ги уништла плановите на оние кои планирале да направат прексрасни селфи фотографии.

Густата магла е последица на југот, топлиот и влажен ветар кој почнува да дува на почетокот на есента, но температурите таму и поматаму се летни.

Времето и понатаму е многу спарно затоа што спроти тепературите од 25 степени, југот донел многу влага па затоа тешко се дише.

Интересно е тоа што вчера е направена фотографија на која се гледа ведрото време и тоа е доказ дека временските услови може да се променат значително во текот на 24 часа.