Априлската млада Месечина носи убави мигови за три хороскопски знаци

ИЗВОРСкопје24
|

Ако сте подготвени за нови почетоци, априлската млада Месечина ви носи можност за тоа.

Таа настапува на 11 април во огнениот Овен, а ни носи многу убави можности. Особено среќни ќе бидат три од хороскопските знаци.

Бик

Таа настапува во нетрпеливиот Овен кој е целосна спротивност на вашиот карактер. Ова е период кога нема премногу да размислувате и да го чекате вистинскиот момент, туку ќе бидете подготвени да одите чекор по чекор, храбро кон нови почетоци. Некои Бикови ќе посакаат и да поминат време сами, но и да постават нови цели и соништа.

Лав

Оваа млада Месечина ја погодува вашата куќа на авантура и знаење, па така ќе ви помогне да видите нови хоризонти и да освоите нови територии. Ќе се ослободите од тешките чувства, а ќе им кажете да на новите почетоци во вашиот живот. Некои од нив ќе го променат дури и начинот на кој размислувате. Храбри сте и сигурни во себе, тоа е најдобриот пристап.

Стрелец

Вибрациите на оваа млада Месечина ви носат леснотија. Многу Стрелци ќе се соочат со страст и романса, а ова е и одличен период за нова љубовна врска. Можно е и да почнете нови проекти, да започнете нови пријателства и едноставно да уживате во пролетта.