Арапската куќа сведок на една голема скопска љубов

loading...

Арапската куќа е сведок за љубовната приказна меѓу скопскиот трговец со текстил Дикиџијан и убавата Агавни.

Палатата била градена специјално за неа. И палатата “Шкаперда” била градена како свадбен подарок за обожаваната Аглаица во 1932 година.

Македонска куќа била топол дом и љубовно гнездо на еден од најпознатите градоначалници на Скопје во 30-тите години, Јосип Михајловиќ, а потоа таа перманентно е разнебитувана и отуѓувана.

Старо Скопје кое полека исчезнува, сe уште се препознава по патинираните домови, меѓу кои постојат и оние што се стари речиси сто години.

Нивниот мирис, нивната боја и нивниот шарм сe уште можат да се почувствуваат во Ново мало, Чаир, во делови од Крњево, Маџир маало, Црниче, Пошта маало, Буњаковец, Кисела Вода, Водно, Дебар маало, Гази Баба, Чаршијата… Делови од нив, како урбана историја, треба да се зачуваат како трајна вредност.

Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал „А.Д.“, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детаљи од слонова коска. Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии „Тулбенд“. Нејзин архитект бил рускиот емигрант Иван Артемушкин, кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската револуција. По см*тта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Во 1964 година, „Арапската куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.