Арсова: Да знаев дека олку популарен се станувало со вљубување во јавна личност, не ќе се мачев толку со планините

ИЗВОРСкопје24
|

Заедничките фотографии на најуспешната алпинистка, сликарка и еко-активистка Илина Арсова и на најголемиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов, снимени деновиве крај Дојранското Езеро, кренаа планина од љубопитство. Вљубени ли се?

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето. Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот“ – вели Илина, оправдано критикувајќи го општото љубопитство.

Дали овој мај од дома, среде полукарантинските околности, Илина го освојуваше најосамениот врв меѓу слободните мажи на јавната сцена – Игор Џамбазов?

„Тектонските движења околу Дојранското езеро приближија два осамени врвови кои се сплотија во планински венец, со што станаа посилни, посреќни и помалку осамени. Му посакувам секому толку пријатно и возвишено да се чувствува“, одговара за Женски магазин Илина.