АСОМ: Со измени на Законот на игрите на среќа, над 8000 луѓе ќе останат без работа

ИЗВОРСкопје24
|

Васко Илијевски, претседател на АСОМ, денеска изјави дека не се согласуваат со измените за одалечување на нивните деловни објекти од 500 метри од училишта и високообразовни институции затоа што тоа ќе значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места.

Измени на Законот на игрите на среќа сметаат дека се неприфатливи од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) зашто ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет. АСОМ реагираше по објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8000 семејства, односно 8000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50 000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа, изјави Илијевски.

Според него, ваквото законско решение широко ќе го отвори патот на сивата економија и нелегалното обложување затоа што затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето – играчите ќе бараат алтернативни начини и обложувањето ќе се префли на нелегални локации. На тој начин, според АСОМ, државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците.

Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во земјава и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите.

Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата ризикува да ги изгуби сите средства со кои индустријата на игри на среќа и сега придонесува во државниот буџет, а тое се повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работењето.