Авалон: Ќе има и трет, но последен концерт на Петар Грашо – Побрзајте да си купите билет

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватскиот пејач Петар Грашо очигледно е миленик на македонската публика. Авалон продукција пред нешто повеќе од месец дена ги најави двата концерта што ќе се одржат на 13 и 14 декември во Македонската филхармонија.

Без некоја поголема реклама, концертите се веќе распродадени, а од продукцијата вчера најавија дека ќе има уште еден, трет концерт:

„Поради распродавањето на првите два концерта без апсолутно никаква реклама и поради тоа што притисокот за влезници е сè поголем, се одлучивме да додадеме трет и последен концерт на Петар Грашо во Скопје и истиот ќе се одржи на 15-ти декември во Македонската филхармонија.

Шанса за четврт концерт нема да има, па затоа ве молиме сите да побрзате со набавување на влезниците кои ќе бидат пуштени во продажба утре наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon ticket shop во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk“, соопштија од Авалон.

Цените за билетите за овој интимент концерт се 1.500 и 2.000 денари.