Австрија ја „распарчи“ Македонија и ја прати дома

ИЗВОРСкопје24
|

Македонија со пораз од Австрија 32:28 (18:12) во последното коло од групата Б во Виена го заврши настапот на Европското првенство 2020. Наместо најдоброто од себе да го дадат на мечот, кој за нашите репрезентативци значеше сè или ништо, тие доживеаја вистински потоп и им се случи нешто што не се случило досега во изминатите пет континентални изданија, да бидат елиминирани уште во групната фаза.

Македонија во ниту еден момент од натпреварот не личеше на себе. Тактиката да се затворат Божовиќ и Билик само остави простор повеќе за Вебер, за Пош, за Фримел да нападнат од сите страни, додека Ејхберг делуваше несовладливо меѓу диреците на Австрија.

Катастрофално го завршивме првото полувреме (во еден моменти Австријците имаа 18:10), потоа уште полошо го отворивме вториот дел во кој за седум минути домаќинот ни направи серија од 7-1 и дојде до највисоката, двоцифрена предност, 24:13.

По ова веќе се беше јасно. Македонија по групната фаза го завршува престојот во Виена и се враќа дома, со најлош резултат во својата историја на континенталните натпреварувања.

Целиот текст прочитајте го на Спортмакедонија.мк ТУКА