Бајага признал дека еден од неговите најголеми хитови крие грешка која веројатно никој не ја забележал – Видео

loading...

Бајага и Инструктори важат за еден од најзначанјните бендови на југословенската и српската рок сцена, благодарение на фасцинантниот број од хитови на авторот, пејач и гитарист Момчило Бајагиќ- Бајага, а објавувани на исклучително тиражните албуми почнувајќи од „Pozitivne geografije“ (1984), па се до дене денес. Не постои човек на Балканов кој не слушнал барем една песна од легендарниот Бајага, но оваа работа можеби останала не забележана дури и од најголемите фанови.

Момчило Бајагиќ Бајага во разговор за српски Телеграф открил дека еден од неговите најголеми хитови, песната „Тамара“ крие една грешка.

„Кога ја пишував Тамара немав одено во Русија. После бев неколку пати. Јас инаку доста пристојно знам географија, но поради рима или немав време, во Тамара има една грешка, дека неа сум ја чекал пред театарот Бољшој, а потоа еден стих вели ’макар што си малку поубава од Нева’, а Нева била во Санкт Петерсбург“ раскажал Бајага.

„Помеѓу тие два града се патува цела ноќ со воз. Сега тоа може да се протолкува како поетска слобода, дека таа река Нева мене ми била многу убава па сум се сетил на неа, но јас гледав како ќе римувам“, признал Бајага.