Бака Прасе со нова провокација, купил стан на елитна локација за кој платил цело богатство

|

Познатиот јутјубер Богдан Илиќ попознат како „Бака Прасе“, им приреди изненадување на сите кои го пратат на социјалните мрежи.

Илиќ тврди дека си купил нов стан, а локацијата на станот е на елитната локација, „Белград на вода“.

-Не луѓе, не се зае*авам, сериозно купив стан во „Белград на вода“. Не сакав веднаш да кажам. Сакав да се вклучам во живо, а луѓето да коментираат кога ќе го видат: „Леле колку е убав“, рече Илиќ.

-Колку го платив? Па 1.5 милиони, и тоа празен! Ентериерот чинеше дополнителни 700.000 евра, додаде тој.

-Се работеше напорно, јас не сакам да штедам! Еве кажете ми дали станов е лудило….. станот е лудило затоа што чини 2.2 милиони евра, потенцираше Илиќ.

Да потсетиме деа популарниот Бака Прасе сака да се пофали со скапите работи кои ги купува, недвижности, бесни автомобили, а истите да ги покажува на своите следбеници.