Баклавата се најде на листата од 50 најдобри десерти во светот според „CNN“

ИЗВОРСкопје24
|

Реномираната американската телевизиска куќа „CNN“ направи листа од 50 најдобри рецепти на светот, а на листата се најде и еден од омилените десерти на Балканот – баклавата.

Тие ја опишале баклавата како десерт со повеќе слоеви и напоменале дека станува збор за прелиен колач. Исто така, изтакнуваат дека иако се конзумира низ целиот Балкан баклавата е наследство на Отоманското царство.

Левант, Балканот, Кавказ и Северна Африка се местата каде што овој десерт е исклучително популарен и од „CNN“ нагласуваат дека станува збор за делови од светот во кои владееле Османлиите.

Турција е наведена како „духовен дом“ на баклавата. Телевизиската куќа истакнува дека во оваа земја се служи исклучително вкусна баклава исечена во облик на дијамант и истата се прави од ореви и се прелива со меден сируп.

Нагласиле и дека баклавата е само еден од познатите десерти кои се сметаат за оставина од Отоманското царство, но со причина е најпознат. Како причина за тоа „CNN“ ги издвојува едноставните состојки и заклучува дека баклавата е токму еден од највкусните десерти во светот.