Банкнота од “0 евро” го воодушеви светот (ФОТО)

loading...

Банкноти од “0 евро” станале доста популарни меѓу туристи и колекционери, а веќе се продадени повеќе од пет милиони. Банкнота со ликот на Карл Маркс од “0 евро”, ги воодушеви туристите, кои за неа платиле по три евра.

Германскиот град Трир, родното место на Карл Маркс, испечатил банкнота во апоени од “0 евро” со неговиот лик по повод одбележување на 200 години од раѓањето на Маркс.

Тоа го потврдил туристичкиот одбор во родниот град на Маркс – Трир, во Германија, каде што истакнале дека оваа банкнота рипнала на врв на листа за најпродавани сувенири. За еден месец продадени се пет илјади банкноти кои се отпечатени по повод раѓањето на Маркс 5 мај, рекле од локалната туристичка организација на тој град.

Дојче веле оценува дека веројатно не е доведен во прашање ниеден апоен кој има банкнота со слика на идеологот на утописко општество во кое “секој добива спрема свои потреби”.

Инаку, оваа “банкнота” има воден жиг, метална трака, печатена е посебна хартија и генерално – ги има сите особини на банкнота. Издавач на банкнотата, како што напоменува Дојче веле, не Европската централна банка, туку фирма која се занимава со туристички маркетинг во Трир.