Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

ИЗВОРСкопје24
|

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените Офицерски дом и Градска куќа во на центарот на плоштадот, има измет и мириса на мочка. Меѓу летниковецот има расфрлaно ѓубре, користени алишта, шишиња, догорчиња, штици…

Може да се забележи дека осветлувањето на скулптурата „Вљубени“, којашто се наоѓа во летниковецот, е оштетено. Скулптурата „Вљубени“, дело на авторката Валентина Стефановска, е излиена од бронза и е висока околу еден метар.

Градежните работи на летниковецот ги изведуваше „Бетон“, а барокното здание е изработено од армиранобетонска конструкција обложена со мермер.

Иако првично беше најавен како место за одмор, прерасна во место каде што младите брачни двојки се фотографираат непосредно по регистрацијата во матичната служба.

Макфакс.мк