Беќаровски до родителите: Плативте 2 милиони евра за ПЦР за да ги носите во странство, а не сакате бесплатни тестирања за децата за училиште

|

Доктор Нико Беќаровски ги повика родителите да го прифатат најавениот скрининг на Министерството за здравство со брзи антигенски тестови на децата во училиштата.

Повеќе од 100.000 тестови се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови, напиша Беќаровски на Фејсбук.

Министерството за здравство информираше дека 8 178 ученици од 364 основни и 109 средни училишта ќе бидат опфатени со скринингот кој се планира да започне идната недела. Од оваа недела започна барањето согласност од родителите за тестирање на децата, процес што ќе се спроведува низ државата.