Беквалац: Повторно ќе се мажам, сè уште верувам во љубовта, никогаш не престанав

ИЗВОРСкопје24
|

По пропаѓањето на трите брака – со бившиот ватерполист Данило Икодиновиќ, поранешниот ракометар Љуба Јовановиќ и со Лука Лазукиќ, Наташа Беквалац би сакала уште еднаш да застане пред олтарот.

Кога ќе се појави вистинскиот, повторно ќе се омажам! Се разбира, куќа не се гради од покривот и не се размислува за брак кога немаш човек покрај себе. Сè уште верувам во љубовта, никогаш не престанав, тоа би било поразително за мене и не би имала волја за живот“, открива убавата пејачка во интервјуто за „Информер хит“.

Таа многу не сакаше да зборува на оваа тема, а во пред некое време во емисија на „Амиѓи шоу“ откри дали е разведена и каков е нејзиниот емотивен статус.

„Се уште законски не сум разведена, но откако не сум во заедница не ми се случи никој. Како зрачиш, така привлачиш. Не е дека не сум спремна, но никој не ми привлаче внимание. Ја сум комлицирана за мажите. Имам ќерка која има 12 години. Катја е бебе, посветена мајка сум и сега не сум подготвена за нешто големо. Но, нешто несериозно, зошто да не“ вели Беквалац.

Наташа опиша како сега изгледа нејзиното семејство.

„Во моето семејство ја вбројувам и Јована, дадилката на Катја, кога сега ми е најдобра другарка. Ние 4 сме совршено семејство. Мојот однос меѓу мене и Хана е пријателски, но се знае кој е кој. Кога ќе ме замоли нешто, како да и кажам не?“ вели Наташа.

Беквалац истакна дека на својота ќерка и забранила да има „Инстаграм“ и ќе биде така се додека може.