Бела Хадид направи драматична промена, сега сите ја коментираат

ИЗВОРскопје24
|

Популарната манекенка Бела Хадид неодамна на ревија во Лондон го претставила новиот изглед. Откако ова лето стана русокоса, сега одлучила да ја скрати косата и да ја направи најпопуларната фризура на годината – боб.

Но, баш кога помисливте дека тоа било вистинско изненадување, Бела се одлучила за уште подраматична промена.

На својот Инстаграм профил ја претставувала новата компанија во која соработувала, а за која се соблекла гола и ја “испробала“ својата нова фризура.

Машки скратената коса ги истакнала нејзините остри линии на лицето, а истата ја претставила манекенката во целосно поразлично светло.

Нејзиниот нов изглед заработил многу комплименти, а во втор план била нејзината провокативност.

А во продолжение ви откриваме 5 работи кои не сте ги знаеле за популарната манекенка.

БЕЛА ХАДИД Е ОДЛИЧЕН ЈАВАЧ НА КОЊИ
Таа почнала да јава „веднаш штом проодила“ и станала одличен јавач. Таа еднаш изјави: „Знаете каков е секој модел, „Дали практикувам јога?“ Па добро, коњите го имаат истиот ефект.“ Во 2015 година таа откри дека тренирала за Олимпијадата во 2016, но нејзината мајка, Јоланда Фостер на тоа рече дека амбициите на Бела биле спречени од инфекција која се јавува при убод од крлежи (а ја имаат и таа и нејзиниот брат).

ПРЕД ДА ТРГНЕ ПО СТАПКИТЕ НА СЕСТРА Ѝ, БЕЛА СЕ ПРЕСЕЛИЛА ВО ЊУЈОРК ЗА ДА ГО СЛЕДИ СВОЈОТ СОН ЗА ФОТОГРАФИЈА И ДА ДОБИЕ ДИПЛОМА

Иако уште како мала била заинтересирана на оваа тема, ѝ било потребно одредено време за да се прилагоди пред камерата. „Не се сеќавам дека во детството сум посакала да бидам модел, тоа беше некако повеќе за Џиџи“, изјави Бела во 2014 година. „Но, сè повеќе ми се допаѓа кога сум пред камерата. Тоа што имав искуство зад камерата ме научи многу за осветлувањето и аглите, како да се движам и што изгледа добро, а што не.“

БЕЛА ЈА БОЈАДИСУВАЛА СВОЈАТА ПРИРОРДНО РУСА КОСА КАФЕАВА, ЗА ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД ПОСТАРАТА СЕСТРА.
„Едноставно јас сум потемна личност и тоа што сестра ми е русокоса, а јас бринета е добар начин да се разликуваме“, рече Бела. „Понекогаш ставам перика и си мислам дека би било забавно ако повторно станам русокоса, но, сепак, задоволна сум со бојата на мојата коса. Русокосите изгледаат како ангели. Сестра ми може да се извлече од сè.

БЕЛА ЧЕСТО ЈА СПОРЕДУВААТ СО ДРУГО ПОЗНАТО ЛИЦЕ: ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС.
„И тоа по неколку пати на ден и не знам дали таа го знае тоа“, вели Бела.

ЗА НЕЈЗИНОТО ЈАВНО РАСКИНУВАЊЕ СО ПЕЈАЧОТ ОД THE WEEKND НЕ МИСЛИ ДЕКА Е НЕЈЗИНАТА ПРВА ТЕШКА РАЗДЕЛБА
„Мојата прва болна разделба беше со мојата прва вистинска љубов, мојот коњ Лего, кога ми беше дијагностицирана болеста. Кога јавате коњ, тие имаат целосна контрола врз вас и тие можат да ве убијат во секунда, па затоа градите однос и посебна врска со нив. По таквиот вид траума, раскинувањето што се појави во таблоидите е само мал залак.“